ВЕСТИ

Преземете ја SOS CREATIVITY инфографиката
Преземете го SOS Creativity флаерот
2022-11-24

30 постари лица од јужно-италијанскиот град Месањ ја тестираа платформата “SOS Creativity”

Во рамки на активностите за тестирање и валидација на содржините од  SOS Creativity платформата, италијанскиот партнер Società Cooperativa Fuori Dal Sommerso вклучи 30 постари лица од градот Месањ, поканувајќи ги еден по еден во канцеларијата на организацијата. Сесиите беа организирани помеѓу април и мај 2022 година. Секој учесник беше воден низ платформата со поддршка од персоналот на организацијата и беше поттикнат да проба еден или повеќе од оригиналните курсеви за обука, развиени во рамки на проектот од сите партнери на конзорциумот.

 

Искуството со тестирањето генерално беше многу задоволително, како за постарите кои прилично се забавуваа истражувајќи ги деловите на веб-страницата или со испробување на алатката за самооценување, така и за персоналот на Фуори Дал Сомерсо кој имаше шанса да им понуди иновативно интерактивно искуство на корисниците.

 

Во исто време, фасилитаторите имаа шанса да соберат вредни повратни информации од корисниците за употребливоста на платформата, квалитетот и комплетноста на материјалите за обука. Меѓу другите коментари, главно многу позитивни, постарите лица побараа и повеќе интерактивни содржини како игри и видеа. Добиените повратни информации конзорциумот ќе ги користи не само за прилагодување на самата платформа, туку и за доставување документ кој содржи упатства што може да ги користи секој корисник, наставник или фасилитаатор при користење на платформата со постарите лица во иднина.