Проектот SOS Creativity го намалува влијанието на КОВИД-19 врз животот на повозрасните луѓе
Неодамнешниот извештај на Eurofound, Европска фондација за подобрување на условите за живот и работа, го анализираше влијанието на КОВИД-19 врз животот на повозрасните луѓе во Европа.
“COVID-19 и повозрасни луѓе: Влијание на нивниот живот, поддрка и грижа”: го прикажува влијанието на кризата од КОВИД-19 врз квалитетот на животот на повозрасните граѓани, вклучително и врз нивната благосостојба, финансии, вработување и социјална вклученост.
Извештајот дава сеопфатен преглед на здравјето и благосостојбата, социјалната интеракција, платената и неплатената работа, финансиите и економска стабилност, поддршката за ад хок потребите што произлегуваат од КОВИД рестрикциите, здравствената заштита и долгорочната нега.
Специфичен фокус е посветен на потенцијалот на ИКТ во обезбедување на здравствена заштита на граѓаните, особено на повозрасните лица. Според извештајот, електронската здравствена заштита (е-консултации, е-рецепт итн.) го олеснила пристапот до здравствената заштита, но 56% од луѓето на возраст од 50+ на кои им била потребна консултација имале консултација лице в лице бидејќи така одлучиле, наспроти достапните опции на е-здравство. Улогата и потенцијалот на е-грижата во голема мера зависи од капацитетот на креаторите на политики да го олеснат користењето на ИКТ за сите луѓе кои се вклучени, од луѓе до професионални негуватели.
SOS Creativity има за цел да им обезбеди алатки на повозрасните луѓе, за добро да ја користат технологијата, која е важна во животот на секого.
За да останете во тек со нашиот напредок, ве молиме посетете ја официјалната веб-страница на проектот: https://www.soscreativity.eu