Деца и тинејџери, најдобри учители на возрасните за дигитални вештини: добра практика од Италија
Società Cooperativa Fuori Dal Sommerso од Италија учествува во конзорциумот на “SOS Креативност, онлајн безбедност за креативност на возрасни”, проект во рамки на Еразмус+ програмата.
Кои се најрелевантни учители кои ќе ги воведат возрасните над 60 годишна возраст во светот на интернетот и дигиталните вештини? Според некои од најинтересните иницијативи во Италија за промоција на дигитална култура меѓу возрасните граѓани, конкретно тоа се учениците од основно и средно училиште.
Истражувањата спроведени од страна на проектните партнери на SOS Креативност за имплементација на IO2, кои особено се однесуваат на активности за мапирање и идентификација на добри практики, кои се применуваат во партнерските држави за промоција на дигиталната култура кај возрасните, истакнуваат неколку корисни методолошки искуства.
На пример, во италијански контекст, постои иницијатива промовирана од страна на фондацијата „Mondo Digitale“ (Дигитален свет), наречена „Nonni su Internet“ (Баби и дедовци на Интернет), во која групи ученици, од основно до средно училиште, во училиштата и со поддршка од стручен наставник за информатичка технологија, ги водат возрасните лица на патот на дигитална писменост и употреба на технологијата, со цел да ги искористат предностите на дигиталните услуги на јавната администрација или да пристапат до забавни културни ресурси. Веб-страната на иницијативата вклучува едукативен сет со сите корисни ресурси за спроведување на курсот.
Сакате повеќе информации за слични добри практики? Погледнете ги националните извештаи, во рамки на проектот.
Надворешен линк
https://www.terzaetaonline.it/