SOS CREATIVITY конзорциумот одржа онлајн Транснационален проектен состанок
Европскиот конзорциум SOS Creativity (8 партнери од Шпанија, Италија, Белгија, Франција, Полска, Северна Македонија) учествуваа на првиот проектен состанок, после Kick-off состанокот одржан во Април 2021. Состанокот, планиран да се одржи во Брисел, се одржа онлајн (поради Covid рестрикции) врз основа на програма, однапред одобрена од партнерите.
По воведниот поздрав од координаторот (Internet Web Solutions from Spain), партнерите се фокусираа на состојбата во развојот на платформата со Отворени образовни ресурси, која е веќе онлајн на: https://www.soscreativity.eu/ (која, меѓу другото, веќе е на страна 1 за отворено пребарување: Senior Online Security, Онлјан безбедност за возрасни).
Понатаму, IWS ја претстави состојбата на позадината на платформата каде што веќе е достапна архивата за културно и креативно мапирање (вкупно 810 ресурси се достапни на сите јазици (EN, ES, FR, MK, IT, PL од Интелектуален резултат 2) и нацрт -верзијата на ИР2 алатката за самооценување (SAT). SAT е иновативна основа на проектот бидејќи дефинира прашања со по 3 можни одговори, од кои секој се осврнува на 3 различни нивоа на владеење во таа тема/вештина. На крајот од само-проценката, според дадените одговори, SAT ќе може да додели различни курсеви на корисниците организирани според различни тематски области.
Во наредните месеци работата ќе биде фокусирана на развој на содржини за обука што треба да се стават на платформата со цел да понудат курсеви за неформално образование за ИКТ вештини поврзани со културата наменети за ИТ нискоквалификувани возрасни лица, но и за обучувачи кои понудуваат курсеви за возраснилица, со цел да се зајакне нивната социјална вклученост и да се промовираат дигитални вештини при навигација низ културни содржини.
Дисеминацијата игра голема улога во претставувањето на сите резултати и испораки, партнерите покажаа вистински ентузијазам кон сите онлајн и офлајн иницијативи предложени на состанокот, во 2-годишниот проект и понатаму, за да се обезбеди одржливост на резултатите.
Има цитат што вели:
„Дајте му на човекот риба и ќе го нахраните еден ден. Научете го човекот да лови риба и ќе го нахраните за цел живот“.
Проектот SOS Creativity, финансиран од Европската комисија, се стреми да обезбеди клучни компетенции за ИТ за возрасни, кои ќе им овозможат да ги користат културните понуди и уметнички содржини достапни на Интернет, истовремено зголемувајќи го нивното ниво на свесност кон потенцијалите и ризиците на мрежата, како што е фишинг/замки, измама, лажни вести, нарушување на приватноста, клевета итн.