СОС Креативност успешно спроведе сесија за тестирање и валидација одржана лице в лице со динамична група на возрасни во Малага
На 7 Јуни 2022 година организацијата Интернет Веб Решенија спроведе сесија лице в лице за тестирање и валидација на модулот наречен “Безбедност и креативност на Интернет: Што има?” Овој модул е дизајниран со цел да обезбеди практични вештини за да се избегнат лажни пораки од област на културата (лажни билети, хакирање или погрешно наведување). Активна група на возрасни лица, со пенкала и тетратки, учествуваше на оваа сесија со желба да научат како да препознаат лажни вести на интернет.
После првичните обраќања од страна на координаторот, секој од учесниците се претстави со кратки информации за себе. Најголем дел од присутните потенцираа дека биле жртви на лажни пораки и се што научиле до сега во овој дел било преку интернет.
Овој проект поддржан од програмата Ерасмус + дава одлична можност за 8 партнери од Шпанија, Франција, Македонија, Белгија, Полска и Италија да развијат корисни и бесплатни алатки со што ќе им помогнат на возрасните лица да имаат придобивки од културни содржини, ресурси и активности на комплетно безбеден начин, знаејќи ги ризиците од преземање на вакви ресурси.
Преку ова тестирање и валидација постигнат е голем успех за Интернет Веб Решенија и СОС Креативност генерално имајќи во предвид дека во рамките на проектот се работи на проектен резултат со број 4, при што партнерите во живо и преку Интернет ќе тестираат обуки со најмалку 180 лица како целна група на СОС Креативност.