Проект SOS Creativity: ЕВРОПСКИOT КОНЗОРЦИУМ ОДРЖА СОСТАНОК ВО МАЛАГА ЗА ДА ГО ПРОСЛАВИ УСПЕХОТ НА ОВОЈ 2-ГОДИШЕН ПРОЕКТ ЗА ДИГИТАЛНА ИНКЛУЗИЈА НА ВОЗРАСНИТЕ

Од март 2021 година, С.О.С. Креативност Еразмус+ проектот го поддржува развојот на клучните ИТ компетенции кај возрасните со цел да им овозможат искористување на културните понуди и уметничките содржини достапни на интернет, истовремено зголемувајќи го нивното ниво на свест за потенцијалните ризици на интернет, како што се напади, измами, лажни вести, нарушување на приватностa, итн.
За таа цел, конзорциумот од 8 партнери од Шпанија, Франција, Северна Македонија, Полска и Италија, спроведе висококвалитетно мапирање на културните и креативните ресурси и дигитални вештини за совршено да ги прилагоди модулите за обука на потенцијалните корисници. Дополнително на ова, создадена е досега невидена СОС алатка за самопроценување за подобрување на ИКТ и културната писменост кај постарите луѓе, отворајќи им прекрасен свет на уметност и креативни ресурси кои би можеле да ги развеселат нивните животи.
Сите ресурси, достапни во мобилната повеќејазична ОЕР платформа, https://www.soscreativity.eu/ , исто такаги адресираат потребите на различни професионалци за образование на возрасни, кои работат на меѓународно ниво за да го поттикнат социјалното учество на постарите.
Иновативноста во проектот се заснова на фактот дека SOS CREATIVITY е еден од ретките европски проекти кој обезбедува практични ИКТ решенија за постарите да го поминуваат нивното слободно време активно онлајн.
Направена е сеопфатна и предизвикувачка програма за дисеминација и единиците за обука се пилотирани во сите држави на проектните партнери преку широк спектар на медиуми, со онлајн и лице-в-лице семинари, меѓународен мултипликаторски настан (кој сè уште е во тек) со возрасни учесници и засегнати страни, е-маил кампањи до членови на ЕУ парламентот, објави на социјалните мрежи, конференции итн.
Влијанието и повратните информации добиени на крајот од состанокот се многу мотивирачки со потенцијал да се трансформира, па дури и да се револуционизира начинот на кој постарите се обучуваат на сите нивоа. Има јасна можност за сите кои работат во образованието за возрасни да бидат возбудени од она што го произведе проектот и да ги користат материјалите создадени за да ги подобрат дигиталните вештини и нивните можности да напредуваат во областа на интернет безбедност.