SOS Креативност Зајакнување на дигиталната писменост на возрасните
Од март 2021 година, стратешкото партнерство на SOS Креативност – и меѓународниот конзорциум претставен од осум организации од шест земји-членки – соработуваат за да развијат нови иновативни решенија за зајакнување на ИКТ вештините на постарите лица и знаењата за користење дигитални средства како нов конкретен начин за поддршка на нивното активно граѓанство и социо-економска вклученост.
SOS Креативност е приспособен да обезбеди лесен за проценување и подготвен за употреба материјал за градење капацитети кој може да им помогне на целните групи да стекнуваат нови знаења и вештини за безбедно, ефективно и ефикасно пребарување на интернет.
Целокупната наставна програма за обука ги опфаќа следните резултати од учењето:
- Културна и медиумска писменост која претставува способност да се идентификуваат и користат различни видови онлајн културни ресурси, алатки за креативност и медиуми.
- Заштита на лични податоци која на крајните корисници ќе им понуди ефективни алатки, упатства, јасно објаснување за заштита и промовирање на заштитата на личните податоци и правата на субјектите на податоци при сурфање на мрежата, користење културни содржини, од мобилни телефони, лаптоп или користење апликации.
- Економски трансакции кои ќе им овозможат на крајните корисници стратегии за нивна заштита при извршување на економска трансакција на интернет и ќе ја развие нивната свест за потенцијални ризици и некласифицирани напади на нивниот компјутер и други дигитални уреди.
- Онлајн безбедност која ќе развие основни концепти потребни за да се проценат и заштитат системите за безбедност на информации за возрасните интернет корисници да бидат свесни за потенцијалните измами што би можеле да ги сретнат додека користат итернет или бараат културни ресурси.
- Дигитален идентитет и онлајн репутација што ќе обезбеди информации што треба и не треба.
Овие пет димензии, ја допираат областа со празнини во вештините идентификувани во текот на спроведувањето на длабинска анализа спроведена со цел да се консолидираат најкритичните области на интервенција и потребите кои треба да се адресираат.
Исто така, релевантно е да се спомене и фактот дека SOS Креативност наставната програма е конзистентна и кохерентна со клучните дигитални компетенции идентификувани со DigComp 2.1 , официјалната рамка развиена од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија за образование и обука на граѓаните на ЕУ за дигитални вештини.
DigComp 2.1 наведува 21 компетенција, дистрибуирани во пет области за обука:
- Писменост за Информации & податоци
- Комуникација и соработка
- Создавање на дигитална содржина
- Безбедност
- Решавање проблеми
SOS Креативност наставната програма произлегува и е инспирирана од сите овие пет области, но особено е поврзана со 1, 2 и 3, бидејќи ја претставуваат суштината за нивото и обемот на целокупниот проект.
За да бидете во тек со нашиот напредок, можете да ја посетите официјалната веб-страна на проектот: