СОС Креативност: Зајакнување на Дигиталнната Писменост на Постарите Во подготовка на Водичот за идна употреба...
Од март 2021 година, стратешкото партнерство SOS Creativity’- меѓународџен конзорциум претставен од осум организации од шесте земји-членки – соработува за да развие нови ресурси за обука и меотодологии за зајакнување на ICT вештините на постарите. Досега, имплементацијата на проектот доведе до следните резултати – конкретни резултати од проектот кои се достапни за бесплатна консултација преку официјалната Open Education Resource Platform: https://www.soscreativity.eu/index.php.
Поставувањето на самата веб-страница на проектот: дигитално складиште на вести, материјали и ресурси за обука доставени од партнерите во текот на имплементацијата. Пристапот до платформата не бара никакви акредитиви за најавување, за да се олесни колку што е можно повеќе употребливоста на содржината и дигиталниот идентитет на проектот меѓу релевантните засегнати страни и групите на интерес. Секое прикачување е преведено на сите официјални јазици на земјите претставени од страна на организацијата учесничка, со цел да се олесни искуството со прелистување дури и на неумешни говорници на англискиот јазик.
Алатка за самопроценување на СОС: приспособен алгоритам кој го пресметува нивото на свесност за ИТ ризиците на целните групи во областа на достапните онлајн културни ресурси. Индексот на ИТ ќе биде инструмент кој им овозможува на возрасните да ја проценат нивната свест во доменот на ИТ ризиците поврзани со културните понуди. СОС алатката за самопроценување нема да биде статистички индекс, туку оперативна алатка за поддршка на развојот на решенија за насочени обуки за возрасните.
Мапирање на културните ресурси на СОС: меѓународна проценка на бесплатните културни ресурси и алатки за креативност кои веќе се достапни на интернет во земјите на секој партнер, со цел да се екстраполираат и да се пресретнат оние дигитални вештини и компетенции при што доцните дигитали можеби ќе треба да го искористат максимумот од нив за да имаат длабинска анализа на феноменологијата за степенот на дигитален јаз меѓу ICT-нискоквалификуваните возрасни.
Овие податоци ќе се влеат во СОС Упатството за идна употреба: овој документ ќе гарантира преносливост бидејќи тие податоци ќе бидат алатка за водење на наставниците и операторите за образование на возрасни кои имаат намера да се вклучат во процес на подигање на свеста и обука на дигиталните уреди за посвесна употреба на културните и креативните ресурси воопшто и ризиците и можностите на Интернет и социјалните медиуми како несакан ефект.
Наставни програми за обука на СОС за основните ИТ вештини за дигитално задоцнување: вкупно 12 модули за обука, дизајнирани и замислени да ги активираат неколкуте суштински резултати од учењето како што се идентификувани по предлог проектот:
а. Основи на културната и медиумската писменост
б. Заштита на лични податоци и онлајн безбедност
в. Економски трансакции
г. Дигитален идентитет
Секој од модулите за обука е приспособен да обезбеди материјал лесен за проценување и капацитет подготвен за употреба којможе да им помогне на целите во стекнувањето нови знаења и компетенции за безбедно, ефективно и ефикасно прелистување на интернет.
Секој од овие модули е испорачан во пилот верзија и севкупните наставни програми достигнаа група од 180 луѓе, претставници и на финалните корисници и на STKH генерално (т.е. професионалци кои работат во доменот на образованието на возрасните).
Резултатите што произлегоа од циклусот на валидација (т.е., впечатокот на учениците и учесниците) беа собрани од страна на сите партнери по завршувањето на сесиите за обука и беа споделени со целиот конзорциум за проценка и согледување на научените лекции.
Упатствата ќе се однесуваат и на практични и организациски аспекти како и на прашања од воспитно-педагошкиот пристап и содржина. Ќе бидат од голема корист за да се поттикне воведувањето на курсеви за обука на СОС креативност во центри или организации за постари лица.